09.08.2023 Скопје
За време на вториот ден од топлотниот бран што го зафати Пиринејскиот полуостров, повеќе од еден милион луѓе во делови на Португалија и Шпанија во текот на вчерашниот ден останаа во своите домови.
Властите на Португалија во текот на вчерашниот ден соопштија дека во околу 120 општини на север и во централните делови постои висок ризик од појава на пожари поради претерано високите температури.
Високата температура и силните налети на ветерот ги попречуваат напорите на повеќе од 1.000 пожарникари да го изгаснат пожарот што избувна викендов недалеку од Одемир во регионот Алентехо. Пожарот се проширил кон Алгарве, каде што се евакуирани најмалку 1.400 луѓе.
Во понеделникот беа срушени температурни рекорди во градовите Порталегре и Сантарем, бидејќи беа измерени 42,1 Целзиусови и 46,4 степени Целзиусови.
Шпанската метеоролошка служба „АЕМЕТ“ соопшти дека во провинцијата Кордоба температурата може да достигне 44 степени Целзиусови.
Подготвено од А.Ѓ.