dogovor emijati japonija gas

18.08.2023 Скопје

Компанијата од Обединетите Арапски Емирати Adnoc Gas потпиша петгодишен договор за снабдување со течен природен гас (LNG) на јапонската компанија Japan Petroleum Exploration (Japex).

Договорот, со проценета вредност од 450 до 550 милиони долари, се заснова на билатералните односи меѓу Обединетите Арапски Емирати и Јапонија и на долгорочната стратегија на ADNOC, заснована на зајакнување на стратешките партнерства со јапонските компании.

„Јапонија се смета за еден од најважните партнери на ОАЕ во енергетскиот сектор и ние сме среќни што придонесуваме за зајакнување на овие односи преку договорот со Јапекс“, изјави Ахмед ал Ебри, привремен главен извршен директор на „Аndoc Gas“.

Увозот на нафта од Емиратите сочинува 25 отсто од вкупниот увоз на сурова нафта од Јапонија, која е најголемиот светски купувач на јаглеводороди од ADNOC.

Склучениот договор, според Ал Ебри, ја зајакнува позицијата на ADNOC како глобален партнер за извоз на LNG и го истакнува меѓународното присуство на компанијата, особено на азискиот пазар.

Подготвено од М.Н.

About Author