pozhari portugalija

08.08.2023 Скопје

Стотици пожарникари се обидоа да го изгаснат пожарот што беснее во јужна Португалија, кој изгоре илјадници хектари земја и принуди превентивна евакуација на околу 1.400 луѓе.

Шумскиот пожар, со кој моментално се справуваат над 800 пожарникари, започна во саботата во општината Одемира, во регионот Алентехо, но оттогаш се прошири на југ кон Алгарве, една од главните туристички дестинации во Португалија.

Високите температури и силните ветрови ги отежнуваат напорите за борба против пламените јазици, кои уништија околу 6.700 хектари земја. Кратко пред зајдисонце во понеделникот, небото во Одемира се затемни бидејќи огромен облак чад го исполни воздухот.

Градоначалникот на Одемиеа, Хелдер Гереиро, ја нарече ситуацијата „критична, тешка и сложена“, додека командантот на Цивилната заштита Хозе Рибеиро рече дека претстои „многу работа“ за да се стави под контрола шумскиот пожар.

Вкупно 19 мали села, четири туристички сместувачки капацитети и место за кампување се евакуирани од претпазливост. Неколку патишта се блокирани, соопштија властите.

Јужноевропските земји, како што е Португалија, се борат со рекордни температури за време на шпицот на летната туристичка сезона, поради што властите предупредуваат на здравствени ризици.

Научниците велат дека топлотните бранови стануваат се почести, поинтензивни и се шират низ годишните времиња поради климатските промени.

Португалската метеоролошка агенција IPMA во понеделникот стави шест области во земјата, вклучувајќи го и главниот град Лисабон, во црвена тревога поради екстремни горештини до полноќ.

Властите прогласија повеќе од 120 општини низ Португалија за максимален ризик од шумски пожари.

„Временските услови што ќе ги доживееме во наредните денови значат дека секоја мала појава (пожар) може да стане голема“, рече на прес-конференција државниот секретар на Цивилната заштита, Патриша Гаспар.

Три области на северот на Португалија беа ставени под црвена тревога во вторникот, бидејќи се очекуваше температурите да достигнат 41 Целзиусов (105,8 Целзиусови степени) во северниот град Кастело Бранко.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author