08.08.2023 Скопје
Ирак ја блокираше апликацијата за инстант пораки Телеграм поради национална безбедност и за зачувување на интегритетот на личните податоци на корисниците.
Оваа информација ја соопшти Министерството за телекомуникации, објаснувајќи дека побарало затворање на платформите кои откриваат податоци од официјални државни институции и лични податоци на граѓаните.
Министерството ја повторува потребата да се почитуваат правата на граѓаните на слобода на изразување и комуникација без никаква грижа за безбедноста на државата и нејзините институции, се појаснува во соопштението.
Подготвено од М.Н.