17.08.2023 Скопје

Околу 70 летови се откажани од аеродромот во Франкфурт, во Германија, поради обилните врнежи од последните неколку дена кои ги спречуваат активностите за полетување и слетување на дел од аеродромот.

Германските медиуми соопштија дека, авионите кои требале да слетаат на аеродромот, биле пренасочени на други дестинации, а за полетување од аеродромот се откажани сите летови.

Силно невреме со силен дожд утрово го погоди градот Гелзенкирхен во Северна Рајна Вестфалија.

Според противпожарната единица, за многу кратко време се поплавени бројни улици, визби и ниски станбени населби, додека некои дрвја паднале и оштетиле возила.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *