29.08.2023 Скопје
Тојота Мотор беше принуден да ја прекине работата во 12 од своите производствени погони во Јапонија поради дефект на системот, соопштија од компанијата.
Според соопштението, јапонскиот производител на автомобили во текот на денот ќе ги затвори и последните две фабрики на компанијата во земјата.
Дефектот на ИТ ја загрозил способноста на производителот да обработува нарачки за автомобилски компоненти.
Блокадата на активностите ќе се одрази на производството на возила со марки Toyota и Lexus. Компанијата веднаш отвори истрага за да ги пронајде причините за дефектот, а во моментов се чини дека е исклучена можноста за сајбер напад.
Подготвено од М.Н.