09.08.2023 Скопје
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека полскиот министер за здравство Адам Ниеџелски е разрепен од функцијата откако предизвика гнев во јавноста со објавување детали за лекар кој го критикуваше Министерството за здравство.
Аналитичарите наведуваат дека се очекувала смената на Ниеџелски од функцијата.
Неговата функција ќе ја преземе пратеничката од владејачката партија Право и правда (ПиС) и докторката Катарина Сојка.
Ниеџелски предизвика револт кај лекарите и кај многумина од неговата партија бидејќи во јавноста зборуваше за доктор кој се појави на телевизија и зборуваше за проблеми со пишувањето рецепти за одредени анаболици по измените што ги направи Министерството за здравство.
По инцидентот Врховната лекарска комора му соопшти на премиерот дека лекарите ја изгубиле довербата во Ниеџелски.
Подготвено од А.Ѓ.