polska granici

02.08.2023 Скопје

Полска одлучи да го зголеми бројот на војници на својата граница откако ја обвини Белорусија за нарушување на нејзиниот воздушен простор.

Полското Министерство за надворешни работи всушност објави дека два белоруски хеликоптери продреле преку граничната линија.

„Во врска со нарушувањето на полскиот воздушен простор од два белоруски хеликоптери на 1 август 2023 година, вршителот на должноста на белоруската амбасада веднаш беше повикан во полското Министерство за надворешни работи“, се наведува во соопштението.

Министерството за надворешни работи во Варшава изрази „силен протест“ поради инцидентот, и ја покани белоруската страна да го објасни инцидентот веднаш и детално.

Полската страна истакна дека инцидентот се смета за уште еден елемент на ескалација на тензиите на полско-белоруската граница, И очекува Белорусија да се воздржи од такви акции, стои во соопштението од Варшава.

Белорусија соопшти дека, однапред била предупредена полската гранична армија за планираната воздушна патрола на границата.

Во исто време командата на полската армија увери дека воздушниот простор на Варшава не е нарушен, прецизирајќи дека на одредена висина на летот на некои места може да изгледа дека хеликоптерите се многу блиску до границата.

Подготвено од М.Н.

About Author