09.08.2023 Скопје
Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Мачеј Васик, изјави дека Полска ќе испрати 2.000 војници на границата со Белорусија за поддршка на граничната стража.
Полска и Литванија изразија загриженост поради белоруските воени вежби во превојот Сувалки.
Во вежби во близина на границата учествувале и платеници на групата Вагнер, а неодамна се појавија информации дека платеничката група наводно има намера да формира камп на 24 километри од јужната граница на Белорусија со Украина.
Подготвено од А.Ѓ.