23.08.2023 Скопје
Во сезоната 2022/2023, Полска има извезено рекордни 11,7 милиони тони житни култури, што е за 46 отсто повеќе од претходната година, изјави Марчин Вронски, заменик директор на Националниот центар за поддршка на земјоделството.
Ова овозможи да се подготват магацини за складирање на овогодишната реколта, истакна Вронски.
Според Националниот центар за земјоделска поддршка, извозниците го пласираат житото главно на пазарот на ЕУ, каде што се продаваат 65 отсто од житото, главно испратено во Германија (4,4 милиони тони) и Холандија (1,3 милиони тони).
35 проценти од пченицата беше извезена во земји кои не се членки на ЕУ, особено во Нигерија (1,1 милион тони) и Јужна Африка (0,6 милиони тони).
Подготвено од М.Н.