brana delumno urnata norveska

10.08.2023 Скопје

Енергетската брана на реката Глома, Норвешка, делумно се урна, по неколкудневните тешки поплави.

Водата тече низ неа на контролиран начин, соопшти претпријатието што ја стопанисува, а потпаролот на полицијата изјави дека засега нема знаци за големи поплави.

Полицијата претходно размислуваше со експлозив да прочисти еден од отворите на 45-годишната брана за да се намали притисокот на водата, но одлучи да не го стори тоа бидејќи експлозијата би била тешко да се контролира.

Норвешка евакуираше илјадници луѓе бидејќи реките се на највисоко ниво во последните 50 години, а домовите и деловните објекти се потопени или однесени од лизгање на земјиштето.

Главните патишта се затворени, а железничките услуги прекинати низ широки делови на јужна Норвешка, бидејќи реките се излеаја од коритата.

Властите предупредија на нови поплави во наредните денови, бидејќи водата се движи кон пониските крајбрежни региони во земјата.

Подготвено од М.Н.

About Author