14.08.2023 Скопје
Перу и САД го вратија договорот за безбедност на воздухопловството по 20-годишна суспензија, соопшти премиерот Алберто Отарола, прецизирајќи дека договорот е фокусиран на спротивставување на летовите на банди за шверц на дрога кои го преминуваат перуанскиот воздушен простор.
Министерот за одбрана, Хорхе Чавез, потврди дека е постигнат договор со Соединетите Американски Држави во врска со забраната за летање.
Отарола посочи дека Лима ќе додели 24 хеликоптери, нови радари и дека договорот ќе овозможи интензивна соработка на братска земја со која работат во оваа борба против трговијата со дрога, мислејќи на САД.
Американската влада го суспендираше договорот со оваа земја во Андите во 2001 година, откако перуанското воздухопловство по грешка собори авион на мисијата, сметајќи го за лет за шверц на дрога. Во несреќата загинаа Американка и нејзината седуммесечна ќерка.
Подготвено од М.Н.