16.08.2023 Скопје
Платформата за дупчење TransOcean Barents, која ќе ги истражува резервите на јаглеводороди во блок 9 во медитеранскиот брег на Либан, стигна на местото каде што ќе започне со работа, соопшти привремениот министер за јавни работи Али Хамие на платформата X (Твитер).
Операторот на блокот 9 е „Тotal еnergies“, која во 2018 година го доби тендерот за истражување на јаглеводородната локација заедно со „Еni“ и руски „Новатек“, чии акции во 2022 година ги купи „Qаtar еnergy“.
Во долгорочното сценарио, почетокот на истражувачките активности во либанскиот офшор може да помогне за заживување на економијата на земјата, соопшти Али Хамие.
Подготвено од М.Н.