09.08.2023 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека планот за развој на Србија е целосно променет и дека отсега ќе се мери сè до 2027 година.
На прес-конференција, Вучиќ истакна дека тоа се амбициозни планови што ќе ги презентира и кои мора да се почнат „од утре“.
„Ќе ни требаат луѓе да ни помогнат, ќе ни требаат многу волонтери и цела Србија да работи. Една од причините за ова е „Експо 2027“ кој ќе ја промени целата земја, не само Белград, кој нема да го препознаете по четири години. Тоа ќе го искористиме за понатамошен развој на Србија. Неверојатно е што досега не сме запреле ниту еден проект“, рече Вучиќ.
Тој рече и дека многумина програмата Србија 2020-2025 ја нарекоа бајковита и шарена лага и дека не веруваат дека просечната плата може да биде поголема од 1.000 евра, а просечната пензија 450.
„Ние сме на добар пат и покрај проблемите инфлацијата ќе биде 12,5 проценти, тоа е проценката што ќе биде објавена на 11 август. Покрај платите и пензиите кои ќе растат со поголема брзина, предвидовме и многу проекти за изградба на училишта, болници, патишта. Србија е земја која најмногу гради и планира“, рече тој.
Тој посочи дека националниот фудбалски стадион мора да биде готов до есента 2026 година, а можеби и порано.
Подготвено од А.Ѓ.