Image by prostooleh on Freepik

10.08.2023 Скопје

Одржувањето на посакуваната телесна тежина за многумина не е лесна задача, а диететичарите не предупредуваат дека одредени работи дополнително можат да придонесат за зголемување на килограмите. Многу луѓе не знаат дека токму овие навики или појави можат да предизвикаат нагло зголемување на телесната тежина.

Потрошувачката на сол или натриум предизвикува несакано задржување на водата во нашето тело. Диететичарите предупредуваат дека ако јадеме многу солена храна неколку дена по ред, може наеднаш да се здебелиме. Најчеста грешка е фактот што многу луѓе не знаат дека храната што ја консумираат секој ден содржи многу повеќе сол отколку што би помислиле.

За време на менопаузата кај жените метаболизмот се забавува, квалитетот на сонот е послаб и апетитот се зголемува. Секоја од овие појави придонесува за несакано дебелеење, предупредуваат диететичарите. Освен тоа, исчезнува и хормонот естроген, кој служи токму за одржување на оптимална телесна тежина, па килограмите продолжуваат да се натрупуваат.

Земањето одредени видови лекови може да доведе до несакано зголемување на телесната тежина, објаснуваат диететичарите. Како што велат, најчесто се работи за апчиња за контрацепција, стероиди, бета-блокатори и лекови за ублажување на мигрена.

Откажување од пушење

Цигарите се познати како потиснување на апетитот, па кога ќе престанеме да пушиме, веројатно ќе јадеме повеќе и ќе се здебелиме. Сепак, една студија од 2019 година покажа дека нема потреба многу да се грижите, бидејќи оние кои се здебелуваат по откажувањето од пушењето обично не добиваат значителна количина на тежина.

Недостаток на витамини или минерали

Причината за нагло зголемување на телесната тежина во некои случаи може да биде поврзана со недостаток на витамини или минерали во нашето тело. Имено, истражувањата покажуваат дека недостатокот на витамин Д, магнезиум и железо може драстично да влијае на намалувањето на нивото на енергија, а со тоа и на активностите со кои се занимаваме. Ако немаме енергија за тренинг, полесно ќе се здебелиме.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author