https://www.flickr.com/photos/93482748@N02/13430164144/in/photolist-msM6Ud-2nd4oiw-2mEErzJ-KwQcd-iVnUrS-9ujmCF-7wA7be-2axxZZt-4faNf3-27keHf-4pUspz-2jCJU8W-6S81a6-567iX6-bUK9o9-7Li6po-MoCko-5Txrr6-2bEHq4T-6tCaVX-2bEHqtR-7LcAwU-q1sggz-4nbs3a-6EEaLn-214kG8X-2nppnwP-a8BjYG-26cPo8L-cnuBvG-2mU5J6f-2j9fMwR-BgqyEC-7SBcJc-2ncj8T4-2nri44V-7pvoJ3-244d6UZ-959wvf-56Bb9X-PwNaDQ-2bEHqj2-5VQKan-6BX29a-LhY2J-2bEHpJz-5PzyLs-aFmVyH-2hUS11f-VEAYzg

03.08.2023 Скопје

Прилепските пензионери самоорганизирајќи се, гневни и револтирани, излегоа на улица за мизерните пензии кои ги земаат, особено оние од најниската група, бараат пензиите итно да им бидат зголемени линеарно за 3.500 денари.

Во спротивно, се закануваат со секојдневни протести, не исклучувајќи ја можноста тие да бидат и радикализарани, бидејќи тие сега се на работ од егзистенцијата. Реагираат дека ако досега преживувале, сега не можеле ниту да преживеат.

Покачувањето од 6% за пензиите ќе настапи во септември, а со таа пресметка некој ке добие 500 денари а некој над 50 евра плус на својата сметка. Па така на најниската исплатена пензија која во јуни е 11.897 денари, со претстојното усогласување во септември, на нивните сметки ќе легнат плус 714 денари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author