02.08.2023 Скопје
Папата Франциско пристигна на воениот аеродром Фиго Мадуро во Лисабон, Португалија, од каде ќе започне неговото патување во Португалија како дел од Светскиот ден на младите, кој ќе трае до недела.
Претседателот на Португалската Република, Марсело Ребело де Соуса, и други државни личности свечено го пречекаа папата Франциско кој се симна во инвалидска количка.
Повеќе од милион луѓе се очекуваат да пристигнат во Лисабон по повод Светскиот ден на младите, соопштија тамошните медиуми, а папата Франциско ќе учествува на различни церемонии, како што е пречекот во Претседателската палата во Белем и приемот во паркот Едуардо VII, како и средби со млади, студенти, бискупи, претставници на социјалната заштита и религиозните деноминации со седиште во Португалија.
Папата ќе отпатува и за Фатима во сабота наутро, каде што ќе застане околу два часа за да се моли за мир и против војната во Украина.
За време на Светскиот ден на младите, ќе бидат распоредени 16.000 агенти на безбедносните сили, цивилната заштита и службите за итни случаи, а се очекува и соработка на шпанските, европските (Европол) и меѓународните (Интерпол) вооружените сили и полициските сили.
Подготвено од М.Н.