zholt sok

26.08.2023 Скопје

Надуеност после јадење и чувство дека храната е заглавена во стомакот „како камен“, чувство на тежина после обилни оброци, металоиди, гадење или запек се само дел од бројните симптоми на луѓето кои патат од дигестивни проблеми.

За среќа, постои напиток кој може да ви помогне да го регулирате варењето, да го промовирате исфрлањето на токсините и вишокот течности од телото и да ја намалите надуеноста.

Ти треба:
– 1 л вода
– корен од ѓумбир (околу 4-5 см)
– 5 ловорови листови
– 2 црвени грејпфрути
– 1 лимон
– 1 лимета

Излупете го ѓумбирот, па исечкајте го на помали парчиња и ставете го во вода. Додадете ловорови листови и доведете до вриење, а потоа варете 7-8 минути.

Тргнете ја течноста од оган, оставете ја да се излади на собна температура, а потоа додадете свежо исцеден сок од лимон, лимета и грејпфрут. Ако немате лимета, додадете сок од два лимона.

Ќе добиете малку повеќе од еден литар пијалок кој можете да го пиете во текот на денот. Веќе по извесно време ќе почувствувате дека надуеноста е намалена и дека „тежината“ во стомакот ја нема.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author