juzhna koreja

10.08.2023 Скопје

По еднонеделните обилни дождови во јужниот дел на Јапонија, силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја.

Во Јужна Кореја се издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани.

Јужнокорејската метеоролошка служба соопшти дека невремето на Јужна Кореја и има донесено врнежи од дожд до 60 мм на час во областите долж источниот брег на земјата и ветрови со максимална брзина од 90 км/ч на места во провинцијата Јужна Гјеонгсанг на островот Даеџу.

Ханун се движи на север со 20 km/h помеѓу третиот по големина јапонски остров Кјушу, на југозападниот дел на земјата, 860 километри од главниот град Токио и Корејскиот полуостров, зголемувајќи ја малкута брзина додека се движи кон север со 20 km/h.

Јужна Кореја нареди суспендирање на активностите на отворено за меѓународната средба во крајбрежна област на која се собраа десетици илјади извидници. Вчера, околу 37.000 извидници се преселиле на побезбедна локација бидејќи нивниот камп е близу патеката на невремето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author