https://www.facebook.com/photo/?fbid=862623325218990&set=pb.100044139924327.-2207520000.

09.08.2023 Скопје

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи посетата на Централна Азија ја започна со средбата со претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева, соопшти МНР.

Во фокус на средбата била улогата на Сенатот во напорите за зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност, кој е еден од главните приоритети на Претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Сенатот на Узбекистан има соработка со ОБСЕ и за спроведување на реформите и во други области, како што се зајакнување на парламентарниот надзор врз безбедносниот сектор и градење на капацитетите на претставниците на Парламентот во Узбекистан, стои во соопштението од МНР.

Во рамки на посетата на Узбекистан, министерот Османи во Ташкент ќе се сретне и со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, а со министерот за надворешни работи, Бахтијор Саидов ќе има заедничка прес-конференција.

На агендата на Претседавачот со ОБСЕ, покрај средбата со државниот врв се и средби со претставници на граѓанското општество, а Османи ќе ја посети и Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан, се наведува во соопштението од МНР.

Подготвено од М.Н.

About Author