https://www.facebook.com/ViktorVeledVagyunk/photos/1375515825850068

30.08.2023 Скопје

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека западното сфаќање дека Украина има предност во конфликтот е лага, а „Русија е невозможно да се победи“.

„Украинците се „неконкурентни“ без помошта на Западот и затоа САД го имаат клучот за мирот во регионот“, истакна унгарскиот премиер Орбан.

Коментирајќи го мислењето што преовладува во САД дека Украина победува, Орбан истакна дека тоа е лага, потенцирајќи дека тоа не е само недоразбирање, туку лага и тоа, според него, е невозможно.

„Секој во политиката кој разбира логика, бројки, податоци – нема шанси“, додаде тој.

Орбан посочи дека Украина ќе остане без војници пред Русија.

Според американскиот ТВ новинар Такер Карлсон, бројот на убиените Украинци во војната изнесува стотици илјади, а Орбан смета дека меѓу нив има и етнички Унгарци.

Обидот на која било западна земја да испрати свои војници во Украина би значел „директна војна“ меѓу Западот и Русија.

„И веднаш ќе се најдеме во третата светска војна. Значи, сега е многу опасен момент“, оцени премиерот.

Според Орбан, Русите нема да го предадат својот лидер, тие ќе ја чуваат земјата да не се распадне и ќе ја заштитат, ќе инвестираат повеќе пари и ќе произведуваат повеќе оружје од нивните противници.

„Затоа не треба погрешно да ги разберете Русите“, рече Орбан.

Доколку унгарскиот премиер Орбан би бил на чело на НАТО и доколку би бил на местото на американскиот претседател Џо Бајден, Орбан би спровел веднаш мир и веднаш би го повикал поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тој додаде дека ако САД сакаат да го вратат мирот до „утре наутро“, би можеле да го сторат тоа.

„Очигледно е дека Украинците не можат сами да го извлечат тоа. Тие не се конкурентни во оваа војна. Ако нема пари и оружје од Западот, особено од САД, тогаш војната е завршена. Одлуката е во американските раце“, изјави Орбан.

„Се разбира, зборуваме за Украинци, тие не треба да се игнорираат, тие мора да бидат вклучени, но вистинскиот фактор не е Украина“, додаде тој.

Орбан, исто така, ја нарече идејата за одземање на Крим од Русија „целосно нереална“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author