kuferi patuvanje

31.08.2023 Скопје

Заклучокот од анализата „Зошто Црна Гора не се грижи за сопственото население“, која беше спроведена од Здружението на статистичари и демографи и Центарот за демократска транзиција, е дека повеќе од 74.000 луѓе се имаат иселено од Црна Гора во периодот од 2011 до 2021 година, колку што е бројот на жители на град со големина на Никшиќ.

На веб-страницата на Центарот за демократска транзиција објавено е дека овој негативен тренд продолжува и во 2022 година, кога според официјалната статистика Црна Гора ја напуштиле околу 1.950 повеќе граѓани отколку што се доселиле.

За една деценија Црна Гора ја напуштиле вкупно 74.031 лице, а се доселиле околу 66.400 луѓе.

Во првите три месеци од годинава, повеќе од 64.000 граѓани на Русија, повеќе од 11.100 од Турција и околу 5.000 граѓани на Украина пријавиле дека престојувале во Црна Гора до 90 дена.

Доколку се земе предвид претходно одобрениот привремен и постојан престој, се проценува дека во Црна Гора се регистрирани над 80.000 странци со привремен или постојан престој, што е 13 отсто од вкупното население, се вели во анализата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author