
08.08.2023 Скопје
Околу 400 пожари беснеат во канадската провинција Британска Колумбија, а 14 домородци се евакуирани од резерватот.
Исто така, наредена е евакуација на околу 800 жители.
Пожарот на планината Штајн е надвор од контрола и дојде на само 300 метри од резерватот, изјави началникот на домородната заедница Ниаки Хана.
Во Канада се забележани најголемите сезонски шумски пожари, кои изгореа повеќе од 100.000 квадратни километри, што е четири пати поголема површина од просечната сезона на пожари.
Во пожарот во 2021 година, уништен е голем дел од домородното село Литон, како и административни згради и 41 куќа, рече Хана, наведувајќи дека почетокот на реконструкцијата е планиран за оваа есен.
Хана рече дека овогодинешниот пожар е на околу 18 километри.
Речиси 400 пожари гореа во понеделникот во Британска Колумбија, од кои 14 беа големи пожари.
Метеоролозите прогнозираат дека во наредните денови се очекува постудено време, а на почетокот на следната недела се очекува и затоплување.
Пожарите во Канада оваа година испуштија 290 милиони тони јаглерод, според службата за атмосферски мониторинг на ЕУ Коперник, што е двојно повеќе од претходниот годишен рекорд поставен во 2014 година.
Подготвено од А.Ѓ.