okeannn

04.08.2023 Скопје

Океаните ја достигнаа својата најжешка температура досега забележана предизвикана од климатските промени, што има страшни последици за функционалноста на нашата планета.

Податоците на службата на ЕУ за климатски промени Коперник покажуваат дека просечната дневна глобална температура на површината на морето оваа недела го надмина рекордот поставен во 2016 година.

Таа достигна 20,96 степени, што е далеку над просекот за овој период од годината.

Океаните се витален регулатор на климата. Тие апсорбираат топлина и произведуваат половина од кислородот на Земјата.

Потоплите води имаат помала способност да апсорбираат јаглерод диоксид, што значи дека повеќе од гасот што ја загрева планетата ќе остане во атмосферата.

Исто така, може да го забрза топењето на глечерите што се влеваат во океанот, што ќе доведе до поголем пораст на нивото на морето.

Жешките океани и топлотните бранови ги вознемируваат морските видови како рибите и китовите додека се движат во потрага по поладни води, нарушувајќи го синџирот на исхрана. Експертите предупредуваат дека може да биде засегнат рибниот фонд.

Некои предатори, вклучувајќи ги и ајкулите, можат да станат агресивни бидејќи се збунуваат на повисоки температури.

Кетрин Леснески, која го следи морскиот топлотен бран во Мексиканскиот залив, вели дека водата е како бања кога ќе скокнете и во моментов има широко распространето белење на коралите на плитките гребени во Флорида и многу корали веќе имаат изумрено.

Мет Фрост од британската поморска лабораторија Плимут рече дека ги ставаме океаните „под поголем стрес“ од било кое време во историјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author