ohridsko leto pretstava lagata

18.08.2023 Скопје

Со хит-претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Никола Љука, а во изведба на Белградскиот драмски театар, на 20 август се затвора годинашното 63. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата ќе биде одиграна на сцената на Античкиот театар во Охрид со почеток во 21:00 часот.

Актерската екипа ја сочинуваат: Милош Биковиќ, Тамара Крчуновиќ, Миодраг Радоњиќ и Јелисавета Теодосиќ. Драматург е Сташа Бајац, сценограф е Лазар Бодрожа, а костимографка е Љиљана Петровиќ.

Претставата не е наменета за лица помлади од 13 години.

Подготвено од М.Н.

About Author