10.08.2023 Скопје
Најмалку шест лица загинаа во пожари на островот Мауи на Хаваите, соопшти Ричард Бисен, градоначалник на Лахаина, за време на прес-конференција.
Градоначалникот Бисен истакна дека состојбата е загружувачка и го повика населението да слуша и да ги следи наредбите на властите.
Пожарите, делумно поттикнати од ветровите од ураганот Дора, ги преплавија екипите за итни случаи во Мауи каде единствениот број за итни случаи повеќе не работи.
Заменик-гувернерот на островот пријавил дека цели населени центри биле уништени од пламените јазици кога вистински пламен ѕид се упатил кон куќите и продавниците до крајбрежјето.
На островот во последните неколку часа избувнаа три пожари, при што беа повредени најмалку 24 лица.
Подготвено од М.Н.