15.08.2023 Скопје
Во Стокхолм се одржа уште еден протест со палење на Куранот организиран од ирачките имигранти Салван Момика и Салван Наџем и резултираше со апсење на едно лице.
Полицијата уапсила маж кој се обидел да ги попречи протестите обвинувајќи двајца ирачки бегалци за терористички чин.
Во последниве месеци, неколку демонстрации со палење на Куранот се одржаа во Данска и Шведска. Повеќето муслимански земји ги осудија демонстрациите, а некои ги поканија шведскиот и данскиот амбасадор да им врачат протестни ноти.
Минатиот месец, стотици ирачки демонстранти упаднаа во Шведската амбасада откако запалија Куран во Стокхолм.
На крајот на јули, шведската служба за безбедност објави дека неодамнешното палење на Куранот во Стокхолм имало негативно влијание врз безбедноста на земјата. Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека Шведска се соочува со најсериозната безбедносна ситуација од Втората светска војна.
Подготвено од А.Ѓ.