15.08.2023 Скопје
Во мај 2022 година, кога беше избран за претседател на Филипините, Фердинанд „Бонгбонг“ Маркос го сметаа повеќето набљудувачи за човек многу близок до Кина.
Во тоа време имаше многумина кои предвидуваа надворешна политика на Манила во согласност со онаа што ја спроведуваше шефот на државата во заминување, Родриго Дутерте, кој за време на својот мандат веќе решително ги зајакна врските со Пекинг и постојано се закануваше дека ќе ја откаже воената соработка со Соединетите Американски Држави.
Маркос изјави дека неговата надворешна политика нема многу да се разликува од онаа на неговиот претходник. Тој вети, дека долгогодишниот поморски спор со Кина околу дефинирањето на соодветните области на интерес во Јужното Кинеско Море нема да биде решен врз основа на пресудата на меѓународниот арбитражен трибунал во Хаг од 2016 година која никогаш не беше призната како легитимна од Пекинг, туку преку билатерални преговори.
Сепак прогнозите на аналитичарите за меѓународната позиција на Маркос за Филипините се покажаа точни. Односите меѓу Манила и Пекинг сега се на најниско ниво.
Спротивно на тоа, се чини дека Филипините се солиден сојузник на САД во регионот, клучна стратешка референтна точка во случај на се поверојатен конфликт во Тајванскиот теснец.
Една година по преземањето на функцијата, Маркос беше пречекан во Вашингтон од неговиот колега Џо Бајден, кој ја потврди „железната посветеност“ на САД за одбраната на Филипините, исто така во Јужното Кинеско Море и за модернизација на вооружените сили на Манила.
Шефот на Белата куќа исто така најави и испраќање деловни мисии на Филипините за поттикнување на инвестициите на приватниот сектор во оваа југоисточна азиска земја.
Подготвено од М.Н.