niger rasporeduvanje na vojska

12.08.2023 Скопје

Самитот на шефовите на држави и влади на земјите од Економската заедница на западноафриканските држави „CEDEAO“, на кој денеска требаше да се разговара за тековната криза во Нигер, е одложен за подоцнежен датум.

Регионалната група го откажала состанокот „од технички причини“, официјално поради тешкотиите на кои наишле некои делегации на земјите учеснички да стигнат до главниот град на Гана.

Денешниот состанок требаше да ги санкционира условите за воената интервенција што ги одлучи CEDEAO на самитот одржан на 10 август во Абуџа во Нигерија.

Според извори на француската телевизија, средбата се очекува да се одржи на почетокот на следната недела, но останува да се потврди датумот.

Началниците на Генералштабот на армиите на Бенин, Брегот на Слоновата Коска, Гана и Нигерија вчера учествуваа на работни сесии на оваа тема, некои со лично присуство, други преку виртуелни состаноци.

Началниците на генералштабовите на вооружените сили на земјите од Економската заедница на западноафриканските држави (CEDEAO) одлучија да активираат сили за брза интервенција за да интервенираат во Нигер во случај на неуспех на дипломатските операции за решавање на кризата.

Според тамошните медиуми, вчера, 11 август, началникот на Генералштабот на војската на Бенин отишол во Абиџан, на Брегот на Слоновата Коска, каде биле распоредени околу 25.000 луѓе и ќе бидат составени од војници од Нигерија (околу 5.000), Бенин, Сенегал и Брегот на Слоновата Коска.

Придонес се очекуваат и од Гвинеја-Бисао, Зеленортските Острови и Сиера Леоне.

Подготвено од М.Н.

About Author