https://www.facebook.com/photo?fbid=787772570015058&set=a.732763998849249

29.08.2023 Скопје

Од утре официјално ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Италија кој ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 09. септември од 20:45 часот од квалификациите за ЕП 2024.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 500 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Исто така, билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 7, 8. и 9. септември од 10:00 до 18:00 часот.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *