zaporozje istekuva voda cetvrt blok

12.08.2023 Скопје

Во четвртиот енергетски блок на нуклеарната централа Запорожје во Украина дошло до истекување на вода поради криминалните дејствија на руските окупатори, соопшти украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом, објаснувајќи дека во моментов нема промена на нивото на радијација во околината.

Ова се случи поради нарушување на интегритетот на третиот генератор на пареа, сместен во херметичката обвивка на единицата.

Во следните три дена, се вели во соопштението на Енергоатом, руските окупатори планираат да ја стават шестата енергетска единица на централата во состојба на „жешко исклучување“, што е уште едно прекршување на условите на лиценцата и барањата наведени од украинскиот нуклеарен оператор.

Некомпетентното и нелегитимно „управување“ со централата од страна на Русија постојано ги оневозможува единиците на централата, се наведува во соопштението во кое се обвинуваат руските техничари дека намерно го оштетиле четвртиот енергетски блок на централата.

Подготвено од М.Н.

About Author