osmani kazahstan

11.08.2023 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ одржа заедничка прес-конференција со колегата од азахстан, Мурат Нуртлеу, во пресрет на посетата на Централна Азија.

Министерството за надворешни работи соопшти дека на прес-конференцијата се говорело за безбедносните пердизвици со кои се соочува Централна Азија.

Османи истакнал дека ситуацијата во Авганистан резултира со силни влијанија врз целиот регион, но ОБСЕ ќе продолжи да ги поддржува земјите-учеснички во справувањето со овие влијанија преку сеопфатен пакет проекти за ублажување на ризиците.

„И покрај предизвиците со коишто се соочува ОБСЕ, особено поради руската воена агресија во Украина, која има огромно влијание врз нашата колективна, човечка и економска безбедност, ОБСЕ ќе продолжи координирано да работи и да нуди решенија што ќе значат поголема сигурност за луѓето од поширокиот регион на Централна Азија“, изјави Османи.

Османи, исто така, ја истакнал и поддршката што Програмската канцеларија на ОБСЕ ја пружа на Казахстан и за спроведување на реформската агенда во земјата.

На прес-конференцијата се споменал и билатералниот однос меѓу Република Северна Македонија и Казахстан, кои двајцата говорници го оцениле како одличен во сите сфери – политички, економски, трговски и културни и очекува дека тие ќе продолжат да се продлабочуваат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author