https://www.facebook.com/photo.php?fbid=698360344992355&set=pb.100044551864456.-2207520000.&type=3

09.08.2023 Скопје

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека обновувањето на договорот за извоз на украинска пченица преку пристаништата на Црното Море, со посредство на ОН и Турција, зависи од западните земји кои треба да ги одржат своите ветувања.

Ердоган истакна дека може да се најде решение, осврнувајќи се на минатонеделниот телефонски разговор со претседателот на Русија.

Турција одигра клучна улога во посредувањето што доведе, во јули 2022 година, до склучување на договорот меѓу Русија и Украина, под покровителство на Обединетите нации.

Претседателството на Турската Република по телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Путин, изјави дека долгорочното суспендирање на договорот никому нема да оди во корист, нагласувајќи дека земјите со ниски приходи имаат најмногу потреба од пченица и тие најмногу би настрадале доколку наскоро не се продолжи со извозот преку пристаништата на Црното Море.

Подготвено од М.Н.

About Author