norveshka poplavi

09.08.2023 Скопје

Силниот дожд кој паѓа веќе неколку дена предизвика лизгање на земјиштето во планинскиот јужен дел на Норвешка, а полицијата денеска соопшти дека ситуацијата е „хаотична“ и дека во текот на ноќта во областа северно од Осло се евакуирани повеќе од 600 луѓе.

Бурата Ханс погоди делови од Скандинавија и Балтикот, предизвикувајќи излевање на реките, оштетување на патиштата и повреди од паѓање на гранки. Во Шведска и Норвешка шупите, малите куќички и мобилните градби плутаа во реките или беа носени од силни морски струи.

„Се наоѓаме во кризна ситуација од национални димензии. Луѓето се изолирани во неколку локални заедници и постои ризик службите за итни случаи да не можат да стигнат до оние на кои им е потребна помош“, рече Ауд Хов, шеф на норвешката област Инландет.

Пообилни врнежи се очекуваат денеска во јужниот дел на Норвешка и централна Шведска.

„Ситуацијата се уште е нејасна и хаотична“, соопшти норвешката полиција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author