telefon so polnach

03.08.2023 Скопје

Инженери од Универзитетот Рајс пронајдоа начин да ги подобрат литиум-јонските батерии и да ги направат уште поефикасни. Тоа значи дека би можеле подолго да користиме телефони, паметни часовници и многу други уреди кои се потпираат на литиум-јонски батерии, односно да ја одложиме потребата за полнење на нашите уреди.

Овој подвиг е постигнат преку посебен процес кој ја ублажува загубата на литиум, но и ја подобрува автономијата на батеријата. Процесот се потпира на обложување на силиконски аноди со постабилни литиумски честички.

Ова откритие го направи еден од инженерите на Универзитетот Рајс, кога испрскал слој од мешавина од честички на анодата и преку дополнителни тестови и сфатил дека овој процес ја подобрува автономијата на батеријата од 22 на дури 44%.

Сепак, премачкувањето на анодата со специјална смеса со себе носи некои негативни ефекти врз самата батерија.

Инженерите забележале дека овој процес го намалува бројот на циклуси, односно бројот на полнења што може да ги издржи батеријата пред нејзиниот капацитет да падне под задоволително ниво.

Доколку инженерите не најдат начин да го надминат овој проблем, на хоризонтот има голем број други решенија кои ветуваат слични резултати.

Еден од нив е замена на графитот во батеријата со силициум, што би овозможило поголема густина на енергија.

Силициумот има способност да „спакува“ повеќе литиум јони, и веќе има одредени напори во индустријата ова да стане стандардна практика во производството на литиум-јонски батерии.

Подготвено од М.Н.

About Author