01.08.2023 Скопје
Компанијата Apple за неколку недели ќе го лансира долгоочекуваниот модел на телефонот iPhone 15, кој ќе има потенки рамки, како и Apple часовници од новата генерација.
Дизајнерите на Apple долго време сонувале за iPhone кој навистина има цел екран – без рамки околу екранот и без исечоци за камери или сензори – и со iPhone 15, оваа компанија ќе направи уште еден чекор кон таа цел.
Процесот започна во 2017 година со моделот iPhone X, кога екранот за прв пат беше продолжен надесно до работ на врвот и на дното.
Сепак, овој модел имаше засек во близина на горниот дел за да се сместат Face ID, звучникот, предната камера и други сензори.
Напредокот беше постигнат и во 2020 година со лансирањето на iPhone 12, кој имаше малку потенки рамки од моделите X или XS, како и во претходните две години.
Оваа година, стандардниот iPhone 15 на Apple ќе ја има областа за интеракција Dynamic Island, додека моделите Pro и Pro Max ќе користат нова технологија позната како LIPO.
Новата LIPO технологија ќе ја намали големината на границата околу екранот на 1,5 милиметри од околу 2,2 милиметри на сегашните iPhone уреди.
LIPO првпат беше употребен во седмата серија на часовници на Apple со цел да се намалат рабовите на тој уред и истовремено да се зголеми големината на екранот.
Моделите iPhone 15 и 15 plus ќе имаат подобрена камера и нов дизајн.
iPhone 15 се префрла на USB-C, што ќе овозможи поголема брзина на пренос на податоци за оние кои сè уште се синхронизираат со помош на кабел.
Поради преминот кон титаниум и поскапиот систем на камера на iPhone 15 Pro, сите четири модели на овој телефон веројатно ќе поскапат на пазарите надвор од САД, не се исклучени и поскапувањата во Америка.
Подготвено од А.Ѓ.