09.08.2023 Скопје
Припадници на Црногорската полициска управа уапсија во Подгорица три лица кои беа во бегство поради затајување данок и придонеси, со што на црногорскиот буџет му е нанесена штета од речиси еден милион евра.
Уапсени се лицата чии иницијали се Ј.М.(42), Д.Б.(34) и М.Б.(43).
Во истата акција утрово е уапсен и црногорецот Р.Г.(72), а полицијата се уште трага по Д.М.(41) и О.Ш.(54).
Полицијата напоменува дека подгоричката полиција поднесе кривична пријава против шест физички и три правни лица поради сомнение дека сториле кривично дело затајување данок и придонеси, со што на црногорскиот буџет му нанеле штета од речиси еден милион евра.
Основното државно обвинителство во Подгорица донесе решение за притвор на осомничениот Р.Г.(72) поради продолженото кривично дело затајување данок и придонеси.
Подготвено од А.Ѓ.