14.08.2023 Скопје
Клиниката за инфективни болести и фербилно состојби на 12 август регистрираше нов случај на конго-кримска хеморагична треска.
Се работи за 42-годишен велешанец кој е префрлен на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден.
Институтот за јавно здравје информира дека почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес. Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.
Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и во стабилна општа состојба.
Контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен. Тестирањата се направени на Одделот за вирусологија при ИЈЗ.
Ова е трет случај на конго-кримска хеморагична треска. Претходно, 27 годишна девојка од штипското село Кучица почина по убод од крлеж, а потоа се зарази и болничарката од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, каде се лекуваше девојката.
Подготвено од А.Ѓ.