03.08.2023 Скопје
Една недела по државниот удар, Нигер повторно ги отвори границите со неколку свои соседи.
„Копнените и воздушните граници со Алжир, Буркина Фасо, Мали, Либија и Чад се повторно отворени“, изјави портпаролот на хунтата, полковник Амаду Абдрамане во телевизиско обраќање.
Хунтата ги затвори границите минатата среда во исто време кога објави дека го собори од власт демократски избраниот претседател Мохамед Базум.
Регионалниот блок ECOWAS воведе санкции, вклучително и суспензија на сите финансиски трансакции и замрзнување на националните средства.
Од друга страна, хунтите на соседните Буркина Фасо и Мали ја изразија својата поддршка за водачите на пучистите и посочија дека секоја надворешна интервенција за обновување на соборената влада ќе се смета за објава на војна.
Декларацијата на Мали и Буркина Фасо, објавена во понеделникот вечерта, сугерираше дека може да се формира нов сојуз во опозиција на остатокот од 15-члениот блок.
Во меѓувреме, првите воени авиони со евакуирани лица, главно европски државјани од Нигер, слетаа во Париз и Рим.
Подготвено од А.Ѓ.