16.08.2023 Скопје
Во делот на протестите за зголемување на пензиите, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска посочи дека ќе се формираат групи кои ќе работат со цел да се најде решение за усогласување на минималната пензија.
„Методологијата за пораст на пензиите и мерките за поддршка на пензионерите кои се дел од ранливата категорија на граѓани ги донесовме заедно со Сојузот на пензионери. Со плодната соработка ќе продолжиме и во иднина“, истакна Тренчевска.
На вчерашната средба донесена е одлука за формирање на работна група која ќе работи на:
– Решение за утврдување на износот на минимална пензија;
– Пакет мерки за помош и поддршка на пензионери.
Министерката Тренчевска додаде дека во периодот кој што следи ќе продолжат интензивните средби со пензионерите на територијата на целата држава и тоа ќе биде еден од начините преку кој ќе им се даде можност на пензионерите да дадат предлози за креирање на решенија.
Подготвено од А.Ѓ.