nevrzani zemji

07.08.2023 Скопје

Дводневниот состанок за Украина, кој се одржа во градот Џеда во Саудиска Арабија, покажа дека неврзаните земји не сакаат да се одвојат од Москва.

Претставникот на Бразил на средбата рекол дека е неопходно Москва да се вклучи во дипломатскиот процес во овој или друг формат.

Во изјавата на домаќинот на средбата се наведува дека учесниците не дошле до некој посебен заклучок, освен дека се договориле консултациите да продолжат во друга земја на глобалниот југ, со цел постигнување мир.

Глобалниот југ е термин кој често се користи за да се идентификуваат регионите во Латинска Америка, Азија, Африка и Океанија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author