germanija nevreme

05.08.2023 Скопје

Додека Словенците и, во помала мера, Хрватите се борат со поплави, дел од Германија беше погоден од силно невреме пропратено со град.

Неверојатните слики од Ројтлинген на почетокот изгледаат како снежна бура која доликува на јануари, а не на летен дожд.

Невремето го погоди Ројтлинген во Баден-Виртемберг во петокот по 16 часот.

За кратко време над 30 сантиметри град падна, а во комбинација со лисја и отпад, парчиња мраз ги блокирале одводните цевки и поплавени гаражи, подруми и станбени згради.

Техничката служба и пожарникарите имаа полни раце работа.

За да се расчисти високиот слој град, на улиците излегоа зимски плугови.

Сè изгледаше нереално за датумот 4 август 2023 година, кога пејзажот повеќе личеше на зима отколку на средината на летото.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author