postporodilna depresija tableta

05.08.2023 Скопје

Американската агенција за храна и лекови даде зелено светло за продажба на првата таблета за третман на постпородилна депресија.

Лекот наречен „Зуранолон“ е развиен од компаниите Sage Therapeutics и Biogen, а се очекува да биде достапен во аптеките подоцна оваа година.

Пилулата ќе треба да се зема еднаш дневно најмалку две недели, а според двете компании би требало да помогне во ублажување на симптомите на депресија во рок од неколку дена.

Според лекарите, на моментално достапните терапии им требаат недели или дури месеци за да стапат во сила.

Кристина Делиганидис, директорка на одделот за женски бихејвиорални науки во болницата Цукер во Њујорк која помогна во истражувањето на новиот лек, изјави дека, оваа таблета е клучна алатка за пациентите, кои по земање на таблетата ќе се чувствуваат подобро и ќе можат да комуницираат со своите деца и семејство за кратко време.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author