НАСА ИЗГУБИ КОНТАКТ СО СОНДАТА ВОЈАЏЕР-2

02.08.2023 Скопје

Американската вселенска агенција НАСА случајно изгуби контакт со сондата Војаџер 2, пионер во истражувањето на вселената која обезбедува податоци и информации за Сончевиот систем и вселената веќе 46 години.

Според НАСА, командата случајно испратена до сондата ја преориентирала нејзината антена за 2 степени, со што ја спречила да пренесува и прима радио сигнали од Земјата.

За 46 години работа, сондата достигна 19,94 милијарди километри од нашата планета и се уште го продолжува своето патување кон пространоста на космичката празнина со брзина од 55.082 километри на час.

Поради огромната оддалеченост од нашата планета, испраќањето и примањето на радио сигнали моментално вклучува доцнење од околу 36 часа. За речиси 50 години служба, двете вселенски летала Војаџер прво презедоа четиригодишни мисии за истражување на Сатурн и Јупитер, а потоа тргна на долго патување до Уран и Нептун.

Во 2012 и 2018 година двете сонди го напуштија Сончевиот систем, надминувајќи го делот од вселената под влијание на хелиосферата на Сонцето.

Подготвено од М.Н.

About Author