pozhar havai

16.08.2023 Скопје

Гувернерот на Хаваите, Џош Грин, изјави дека најмалку 106 луѓе настрадаа во пожарот што минатата недела ја опустоши Лахаина на островот Мауи.

„Американското Министерство за здравство и човечки услуги распореди тим од судски лекари, патолози и техничари со маси за испитување, единици за рендген и друга опрема за да ги идентификуваат жртвите и да ги обработат посмртните останки“, рече Џонатан Грин, заменик помошник секретар на агенцијата за управување со кризи.

„Тоа ќе биде многу, многу тешка мисија, а трпението ќе биде неверојатно важно поради бројот на жртви“, рече Грин.

Седум дена откако пожарот ја зафати Лахаина, многу преживеани почнаа да се преселуваат во стотиците хотелски соби издвоени за раселените жители додека се влеваат донации од храна, мраз, вода и други основни работи.

Тимови со специјални кучиња пребарале околу 32 отсто од областа, се вели во соопштението на округот Мауи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author