29.08.2023 Скопје
Кинескиот државен нафтен гигант Cnooc потпиша договор за стратешка соработка со бразилската државна нафтена компанија Petrobras, објавија кинеските медиуми, повикувајќи се на извори во Cnooc.
Договорот предвидува зајакнување на соработката во секторите како што се рафинирање, хемиски инженеринг, изградба на енергетска инфраструктура и услуги за нафтени полиња, трговија со сурова нафта и развој на извори и технологии со ниска содржина на јаглерод.
Кинескиот нафтен гигант веќе има воспоставено присуство во бразилскиот нафтен и гасен сектор, каде има 7,34 отсто од акциите во офшорното поле Buzios, и 65 отсто удел во полето Меro.
Подготвено од М.Н.