15.08.2023 Скопје
Цените на нафтата паднаа поради загриженоста за несигурното економско закрепнување на Кина и зајакнувањето на доларот по седум недели поскапување на енергетскиот производ поради намаленото снабдување.
Цената на барел нафта од типот брент падна за 63 центи на 86,18 долари, а барел суровата нафта во САД за 59 центи и сега чини 82,60 долари.
Пазарните играчи се поделени и ги одмеруваат понудата и побарувачката наспроти знаците на слабеење на побарувачката во Кина, рече Фил Флин, аналитичар во Price Futures Group.
Посилниот долар врши притисок врз побарувачката на нафта бидејќи таа станува поскапа за купувачите кои користат други валути.
Подготвено од А.Ѓ.