23.08.2023 Скопје
Во Манила, шеикот Али Ал Тани, едногласно беше избран за претседател на конгресот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), два дена пред стартот на Светското првенство.
Претходно од 2019 година, Ал Тани беше потпретседател на ФИБА, а исто така е претседател и на ФИБА Азија уште од 2022 година.
Шеикот Ал Тани во своите почетоците го водеше и Кошаркарскиот сојуз на Катар.
Ал Тани оваа функција ќе ја извршува од 2027 година бидејќи претседателскиот мандат е со важност од четири години.
Подготвено од М.Н.