https://www.facebook.com/photo.php?fbid=679054833582246&set=pb.100044332064393.-2207520000.&type=3

01.08.2023 Скопје

Иако навивачите на Реал Мадрид го посакуваат, сепак трансферот на Килијан Мбапе би можел да предизвика и некои неочекувани проблеми во „Кралскиот клуб“. Се чини дека во проблематичното равенство се и спонзорот на компанијата „бланкос“ Адидас и прекалениот ас на мадридскиот тим Лука Модриќ.

Адидас сака француската ѕвезда да го земе дресот со број 10. Германскиот гигант за спортска облека смета дека продажбата на дресовите со број 10 на Мбапе значително би го зголемила обемот на бизнисот.

Меѓутоа, проблемот е што овој број го носи капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ.

Модриќ моментално го носи бројот 10 на грбот и затоа Адидас сака Реал Мадрид да го продаде или да го смени бројот на неговиот дрес“.

Инаку, Модриќ е „десетката“ на Реал од сезоната 2017/18, а претходно го носеше дресот со број 19.

Летово тој го продолжи договорот со „Кралскиот клуб“ на уште една сезона иако имаше профитабилна понуда од Саудиска Арабија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author