asteroid-impact-artwork-royalty-free-illustration-1598291556

07.08.2023 Скопје

Моќниот алгоритам наречен „Heliolink D“, кој ќе се користи во опсерваторија во Чиле, го пронајде потенцијално најопасниот астероид на Земјата, долг 180 метри, но пресметано е дека шансите да падне на планетата се многу мали.

Астероидот го доби името „2022 SF289“, а според некои проценки, неговиот потенцијален удар на Земјата (областа на Њујорк беше произволно избрана како место на удар) ќе има сила од 172 мегатони ТНТ.

Потенцијалното влијание би убило милион луѓе.

Научниците ги следат потенцијално опасните астероиди за Земјата, оние чија должина е поголема од 120 метри и кои се приближуваат до планетата на растојание помало од осум милиони километри.

Земјата засега не им е на патот, но поради близината (во космичка смисла) на минување покрај Земјата, тие се под будното око на астрономите.

Што се однесува до астероидот „2022 SF289“, тој треба да помине покрај Земјата на оддалеченост од 225.000 километри.

Во средината на јули, астероид со големина на зграда од 20 ката се доближи до Земјата, што научниците не го забележаа навреме, односно го забележаа само два дена откако помина покрај нашата планета.

Научните списанија наведуваат дека моментално во Чиле се гради опсерваторијата „Vera C. Rubin“, каде почнувајќи од 2025 година ќе се вршат бројни астрономски истражувања.

Опсерваторијата ќе биде задолжена и за пронаоѓање на астероиди во вселената кои би можеле да бидат потенцијално опасни за Земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author